More

    Вашингтон тврди дека постои сериозна понуда за прекин на огнот во Газа

    spot_img

    Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека на Хамас му била претставена „многу сериозна понуда“ за договор за прекин на огнот и за заложници што палестинската милитантна организација „треба да се прифати“.

    – Хамас би можел веднаш да го запре сето ова и да постигне прекин на огнот што ќе биде од корист за луѓето во Газа и ќе ги врати заложниците во нивните домови. Фактот што и понатаму одбиваат да кажат „да“ е одраз на она што навистина го мислат за луѓето во Газа – што не е баш многу позитивно – рече Блинкен на прес-конференцијата во Вашингтон со министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон.

    – Хамас сега има можност да се согласи со предлогот за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Топката е во нозете на Хамас. Светот гледа да види што ќе направи – посочи Блинкен.

    Тој потенцираше дека САД работат постојано со Катар, Египет и Израел на постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

    Одговарајќи на новинарско прашање, американскиот државен секретар рече дека САД не знаат точен датум кога Израел планира офанзива на градот Рафах, дополнувајќи дека очекува Вашингтон да биде информиран откако Израел ќе донесе одлука за датумот на операцијата. Блинкен истакна дека следната недела ќе има средба со израелските колеги со кои ќе разговара на оваа тема.

    Американскиот државен секретар, исто така, изјави дека Израел почнал да презема чекори што ги побарал претседателот Џо Бајден за да се забрза доставата на помошта за цивилите во Газа и да се осигура безбедноста на хуманитарните работници.

    Според евиденцијата на американската влада, повеќе од 400 камиони со помош добиле дозвола за влез во Газа, иако хуманитарните групи велат дека вистинскиот проток на помош во Газа сè уште не изгледа зголемен.

    „Ќе судиме според резултатите и според тоа дали тие се одржливи. Треба да се случи уште многу за да се осигураме дека луѓето во Газа го имаат она што им треба – истакна Блинкен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img