Доналд Трамп „подготвен да изврши притисок врз Украина да го отстапи Крим како цена за мирот“, објавија „Вашингтон Пост“ и други американски медиуми. „Вашингтон пост“ пишува дека овој план е камен-темелник на ветувањето на Трамп дека ќе ги помири Киев и Москва за 24 часа ако стане претседател на САД во ноември.
Доколку ова е точно, ваквата политика на идниот американски претседател би претставувала пресврт на поддршката дадена на Украина од администрацијата на Џо Бајден, пишува Дејли Телеграф.
Тимот на Трамп за претстојната кампања ги отфрли овие најнови извештаи и коментираше дека написите „доаѓаат од неименувани и неинформирани извори кои немаат поим што се случува или што ќе се случи“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец по средбата со Трамп рече дека Трамп ќе ги секне парите за помош за Украина.
– Тој нема да даде ниту денар во војната Украина-Русија. Затоа војната ќе заврши – рече Орбан и додаде дека Трамп има „прилично детални планови“ за тоа како да ги прекине борбите.
Според „Вашингтон пост“, Трамп верува дека и Русија и Украина сакаат спас за излез од војната.
Во Републиканската партија во САД, чиј кандидат за претседател, расте ставот дека САД треба да ја прекинат поддршката за Украина. Републиканците веќе закочија 61 милијарда долари наменети за Украина во американскиот Конгрес.
Минатиот месец Бајден успеа да ја заобиколи блокадата на Конгресот со тоа што најде заштеда од 300 милиони долари во постоечкиот буџет на Пентагон за да обезбеди краткорочна помош за Киев.
– Оваа муниција ќе им овозможи на украинските пушки да пукаат, но само за краток период – рече Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Белата куќа.