More

    Вашингтон одобри проширување на програмата за електронски и телефонски надзор во странство

    spot_img

    Американскиот Сенат денеска го одобри продолжувањето на програмата за електронски и телефонски надзор во странство, која ја користат од американските разузнавачки служби, но таа е критикувана од организациите кои ја бранат приватноста и слободата.

    Белата куќа го поздрави проширувањето на програмата како „една од најважните алатки за собирање разузнавачки информации во САД“, и најави дека претседателот Џозеф Бајден брзо ќе потпише закон за тоа.

    Во прашање е членот 702 од Законот за странски надзор, кој им дозволува на американските разузнавачки агенции да спроведуваат програми за електронски или телефонски надзор без потребно барање судски налог.

    Програмата посебно цели на не-американците во странство, а можен е и надзор на електронската пошта.

    Организациите кои ја бранат приватноста и слободата остро ја осудуваат оваа програма на американските власти.

    Законот беше усвоен во Претставничкиот дом пред една недела, но продолжувањето на неговата важност беше предмет на жестоки дебати.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img