Вашингтон најави нова воена помош за Украина во вредност од две милијарди долари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вашингтон најави дополнителна воена помош за Украина, во износ од две милијарди долари.

„САД најавуваат дополнителна воена помош од две милијарди долари за Украина“, изјави синоќа за Си-Ен-Ен советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Тој не разговарал за деталите за новите испораки најавени за годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина.

Саливан потсети дека за време на неговата посета на Киев, американскиот претседател Џозеф Бајден му ветил на својот украински колега Володимир Зеленски повеќе артилерија, повеќе муниција и повеќе системи ХИМАРС.

Share This Article