More

    Вашингтон и европските партнери задоволни од напредокот

    spot_img

    Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, денеска изјави дека САД го поздравуваат, како што наведе, „договорот за нормализација на односите“ меѓу Белград и Приштина.

    Таа на Твитер напиша дека САД ги повикуваат двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски.

    „Го поздравуваме договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија со поддршка на ЕУ и САД и ги повикуваме двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски“, напиша Вотсон.

    Портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт денеска изјави дека Германија честита, како што наведе, на чекорот напред за поставување на односите меѓу Белград и Приштина на нова основа.

    „Сега се работи за преземање на водството за одржување и спроведување на договореното“, напиша тој на Твитер.

    Хебстрајт посочи дека Германија ќе биде со Белград и Приштина за да се исполни европската перспектива.

    „Ви честитам на овој исчекор за поставување на односите меѓу Србија и Косово на нова основа. Сега се работи за преземање на водечката улога за одржување и спроведување на договореното. Ќе бидеме со вас за да ја исполниме вашата европска перспектива“, напиша тој.

    Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг рече дека од Охрид пристигнале добри вести и оти е направен уште еден чекор на патот кон нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

    „Добри вести пристигнаа од Охрид во доцните часови. Косово и Србија направија уште еден чекор на патот кон нормализација на односите. Ова е клучно кога станува збор за интеграцијата во ЕУ“, напиша Шаленберг на Твитер.

    Тој им се заблагодари на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и на претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак за нивните континуирани напори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img