More

    Вартоломеј уште во декември минатата година ѝ ветил на МПЦ-ОА дека ќе донесе одлука за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, како прв чекор до признавање на Автокефалноста

    spot_img

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во декември минатата година ѝ ветил на МПЦ-ОА дека ќе донесе одлука за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, како прв чекор до признавање на Автокефалноста, пишува порталот Религија.

    Тоа може да се забележи од неговото обраќање кон монасите од Бигорскиот манастир, кои тогаш беа во посета на Вселенската Патријаршија во Цариград, се вели во текстот.

    – Сите знаеме дека постои проблем со вашата помесна Црква, еден проблем што ве држи веќе неколку децении надвор од заедничарењето со останатите помесни православни автокефални цркви. За среќа, тој проблем не се должи на догматски, верски причини. Имаме иста вера, исти догми, исто крштевање, исти икони, исти светители. Проблемот е административен, канонски, па затоа се благонадеваме дека ќе се најде конечно решение. Мајката Црква во Константинопол не престанува ни за момент да се интересира за решавање на тој проблем и мислиме дека првиот стадиум ќе биде вашето повторно влегување во канонски поредок и во канонско општење со останатите православни цркви и дека другото ќе си дојде со добро настроение и со дијалог – изјавил во декември Вартоломеј пред монасите од Бигорски.

    Според порталот, ова покажува дека токму Вселенскиот патријарх подолго време работел на решавање на статусот на МПЦ-ОА. Во статијата се истакнува и фактот дека Вартоломеј претходно на погребот на српскиот патријарх Павле во Белград ја повикал СПЦ да го реши канонското прашање на македонската црква.

    ФОТО: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img