Варшава ќе го блокира патот на Киев за ЕУ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полска ќе го блокира пристапот на Украина во Европската Унија додека Киев не го реши прашањето за ексхумирање на жртвите од масакрот во Волин, што беше спорно прашање меѓу двете земји, изјави во четвртокот министерот за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, објави Еурактив.

Во средата Украинскиот институт за национално сеќавање ги објави плановите да дозволи теренско истражување во 2025 година за масакрот во Волин, во западниот регион Ривне, мрачна епизода на масакри од украинските националисти за време на Втората светска војна.

Полска ја пофали одлуката на Украина да го отвори патот за ексхумација на некои жртви од масакрите од Втората светска војна откако спорот околу ова прашање ги влоши односите меѓу соседите.

– Нема да има согласност Украина да ѝ се приклучи на Европската Унија ако не го реши проблемот со Волин – изјави Владислав Косињак-Камиш.

Тој додаде дека не се премислил, иако знаел дека претседателот Анджеј Дуда има поинакво мислење.

Дуда е цврст поддржувач на Украина од првиот ден на руската инвазија и е близок пријател на неговиот украински колега, Володимир Зеленски.

Тој додаде дека дури и ако земјите-членки на ЕУ се согласат за пристапување на Украина во блокот, неговата Полска народна партија (членка на ЕПП) ќе ја блокира одлуката доколку прашањето остане нерешено.

Полската влада проценува дека околу 100.000 Полјаци и 5.000 Украинци биле убиени во регионите Ривне и Волин во денешна западна Украина помеѓу 1943 и 1945 година.

Главните цели на Украинската бунтовничка армија (УПА) беа да избори независност на Украина со протерување на нацистичките и подоцна советските окупатори, а и да ги протера Полјаците од, како што тврдеше, историската украинска земја.

- Advertisement -
Ad image

Тој не се согласува со широко критикуваната изјава дадена минатиот месец од тогашниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, кој рече дека историските прашања како масакрот во Волин треба да им се препуштат на историчарите за да може фокусот да се префрли на градење заедничка иднина.

За Косинијак-Камиш, ова е „најлошата формулација што може да се користи“.

Министерот за одбрана го отфрли и мислењето на Дуда дека „секој што го блокира пристапот на Украина во ЕУ, постапува во согласност со политиката на Владимир Путин“.

- Advertisement -
Ad image

– Јас фундаментално не се согласувам со ова… Помирувањето со минатото и почитувањето на членките на блокот на кој една земја сака да се приклучи е од суштинско значење. Ние бевме првите што испративме воена помош (во Украина откако започна руската инвазија), а украинската страна изгледа дека заборавила на оваа помош – рече тој.

На прашањето дали има ризик условувањето на пристапот на Украина во ЕУ да придонесе за антиукраинско незадоволство во полското општество, тој одговори дека најчесно е да се постават јасни услови и транспарентно да се изразат очекувањата.

Share This Article