Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски и Владата по повод нивниот избор.
@ Честитки до премиерот Мицкоски и членовите на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со Вас за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија#, наведе Вархеји во честитка објавена на Икс.
Congratulations to Prime Minister @MickoskiHM and members of the new Government!
Looking forward to work swiftly with you to advance North Macedonia’s #EU path.#NorthMacedonia pic.twitter.com/VaWOtMYGdj
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) June 23, 2024
Новата Влада на премиерот Мицкоски беше избрана синоќа со 77 гласа „за“ и 22 „против“. За неа гласаа пратениците од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и од Движењето ЗНАМ, а против гласаа СДСМ и Левица. Пратениците на Европскиот фронт, предводен од ДУИ, ја напуштија седницата пред гласањето.