Вардар по две сезони во второлигашката конкуренција се врати во првата лига откако попладнево убедливо го совлада градскиот ривал Скопје со 3-0

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Десеткратниот македонски шампион Вардар по две сезони во второлигашката конкуренција се врати во првата лига откако попладнево убедливо го совлада градскиот ривал Скопје со 3-0 (1-0) во баражот за место во Првата македонска лига (ПМФЛ).

Фудбалерите на Вардар влегоа силно мотивирани во натпреварот што се одигра на неутрален терен во Кавадарци, и дојдоа во водство веќе во 4. минута со голот на Дарко Размоски.

Црвено-црните во продолжението на првиот дел пропуштија уште неколку шанси за гол, а задачата на Скопје да израмни дополнително го отежна исклучувањето на Миле Тодоров во 35. минута. Фудбалерот на Скопје доби црвен картон откако врати на трибината факел што претходно на теренот го фрлија навивачите на Вардар.

Предноста на Вардар ја удвои Размоски во 49. минута, а десет минути подоцна капитенот Дарко Глишиќ беше прецизен за конечни 3-0.

Претходно нови прволигаши станаа Воска и Гостивар, а во Втората лига се пресели прилепска Победа.

Шампионската титула, прва во клупската историја, ја освои Струга, трофејот во Купот го одбрани Македонија Ѓорче Петров, а настап во европските купови изборија и Шкупи и Шкендија.

Share This Article