More

    Вардар го победи Еурофарм Пелистер и се враќа во игра за шампионската титула

    spot_img

    Ракометарите на Вардар пред својата публика во салата „Јане Сандански“ го победија Еурофарм Пелистер со 24-20 (12-11) во големото дерби од ракометниот плеј-оф. Со овој триумф „црвено-црните“ повторно се во игра за освојување на шампионската. Сега разликата меѓу актуелниот и поранешниот шампион е само два бода на табелата во корист на битолскиот тим.

    За Еурофарм Пелистер ова е прв пораз во разигрувањето за титулата во домашната Супер лига. На Вардар кој има пораз од Тиквеш и од Еурофарм Пелистер во првиот меч во Битола, за да се врати на победничкиот трон му требаат победи во сите преостанати натпревари до крај на плеј-офот, но и кикс на битолчани на некој од следните шест дуели.

    Најзаслужен за триумфот на Вардар во големото дерби беше голманот Мартин Томовски со 12 одбрани, најефикасен во нападот на домаќините беше Јапонецот Косуке Јасухира со 6 гола. Во екипата на Еурофарм Пелистер, 6 гола постигна Нејц Цехте.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img