Вардар е нов ракометен шампион на Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ракометарите на Вардар 1961 ја одбранија домашната титула, откако попладнево во својот завршен натпревар сезонава во македонската Суперлига го совладаа Тиквеш на домашен терен со 37-25 (18-10) во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Ова е јубилејна 15. македонска титула за „црвено – црните“, освоена во неизвесна трка со единствениот конкурент Еурофарм Пелистер, кој повторно мораше да се задоволи со второто место.

Вардар сезоната ја заврши со двојна круна, откако претходно го совлада Еурофарм Пелистер и во финалето на националниот куп.

Дуелот против Тиквеш беше последен во „црвено – црниот“ дрес за Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и Диало Бакари, кои од следната сезона нема да бидат дел од Вардар 1961.

Share This Article