More

    Ванковска вели дека референдумот од 2018 година дава правна основа за тоа

    spot_img

    Македонија треба да излезе од НАТО, да го раскине договорот за добрососедство со Бугарија, а истото треба да го стори и со Преспанскиот договор – вели професорката Билјана Ванковска, кандидат на Левица за претседател на државата во поткастот на Плусинфо.

    – Јас сум отсекогаш против НАТО, сум зборувала против зачленување во НАТО и сум била единствена можеби, покрај уште еден мој постар колега, тоа бил мој принципиелен став. И сум велела, дури и под уставно име – не за НАТО – рече Ванковска, додавајќи дека во својата програма, која ќе ја обелодени наскоро, има предлози за конкретни чекори во врска со НАТО.

    – Сега ќе ви кажам само дека почетната точка е 30 септември, 2018 година, и неуспешниот референдум на прашањето „дали сте за влез во НАТО и ЕУ со замена на името Република Македонија“. Државната изборна комисија излезе со легален документ, кој го има во архивите, во кој се вели дека референдумот заврши неуспешно. Правниот поредок предвидува дека во рок од 30 дена властите треба да го услогласат своето однесување со одлуката на народот – рече Ванковска.

    Таа рече дека Македонија ништо и не добила од НАТО освен зголемени трошоци за одбраната и постојано издвојување материјална помош за Украина. За Украина според Ванковска, потребни се мировни иницијативи, и дипломатско решение, а не само воена помош.

    – Штета е што Бујар Османи како претседавач на ОБСЕ ја прокоцка својата шанса, се шетаа по Киев за да дефилираат и да се сликаат со Зеленски без да се направи минимум обид за некакво приближување и запирање на воените дејствија – вели Ванковска.

    Во поткастот Ванковска зборува и за потребата од раскинување на договорот со Бугарија, за нејзиното гледање на Европската унија, која, како што вели, сама го изневери сонот за европско обединување, во најубавата смисла, меѓудругото и со газење на сопствените принципи во односот кон Македонија.

    Во поткастот Ванковска гвори за своите односи со левица, ја објаснува левичарската идеологија, а ги анализира и Шарената револуција, како и настаните од 27 април 2017 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img