Валентајн колекција инспирирана од чоколадото!

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Веројатно и не постои поголем синоним за празникот на вљубените од кутија неодоливо чоколадо, па ако тоа доаѓа во сосема нови облици оваа година, тогаш, знаете дека станува збор за вистинско уживање!

Познатиот италијански бренд за декоративна козметика Kiko Milano што од неодамна е избор број еден на македонските девојки, овој Валентајн нè разгалува со колекција полна неодоливи производи инспирирани од вкусното чоколадо.

Претставени преку неодоливи текстури, почнувајќи од кремасти пудри па сè до совршенство доведени бронзери и кармини, брендот повторно освојува со палетата производи во кои знаеме дека ќе се вљубите на прв поглед.

Како и секогаш, тимот на Kiko Milano производите ги понуди во неверојатно пакување инспирирано од познатите куќи за слатки за да ви овозможи целосно уживање овој Ден на вљубените.

Луксузен изглед на вашата кожа

Покажете ја вашата внатрешна убавина со производите за кожа од брендот, целосно создадени со помош на најквалитетниот екстракт од какао кој со себе секогаш носи неверојатна мекост и свежина за целосно луксузен изглед. Започнете да уживате со неодоливата маска за лице од какао, за потоа да се препуштите на производите за усни и конечно, да го заокружите изгледот со спрејот за тело за уживање во деликатните ноти на какаото.

Неодоливиот сјај на чоколадото

Овозможете му на вашето лице целосно уживање овој Валентајн со производите на база на јојоба масло и какао прав, прикажани преку руменилото што ќе го обожавате и хајлајтерот за досега невиден сјај на вашето лице.

Сензуални очи

- Advertisement -
Ad image

Овој празник, вашите очи нека ја раскажат сета приказна. Почнувајќи од неодоливо нежна карамел нијанса, па сè до впечатливата, темно кафена боја на чоколадото, сенките на Kiko Milano доаѓаат во пакување како никогаш досега. Додадете и малку гламур со палетата сенки со посебен светкав сјај, за уште поголем впечаток каде и да се појавите.

Слатки бакнежи

Обидете се да издржите да не пробате од новите кармини на брендот, целосно направени да нè потсетат на убавините на чоколадото! Со неодолив мирис и долготрајни, одберете од мат опциите или пак од оние кремастите, за посвеж изглед и младешки вибрации овој празник.

- Advertisement -
Ad image

Овој празник, споделете ја љубовта со најсаканите, подарувајќи им вистинско богатство спакувано во неодолива кутија, полна производи кои знаеме дека ќе ги обожаваат!

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply