Вака се брани Ева Каили, ѕвездата на корупцискиот скандал во Брисел

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Позицијата на Каили е дека парите што беа најдени во нејзиниот дом, а ги донел нејзиниот партнер, не знаела дека постојат, а кога дозна, без да знае од каде потекнуваат, побара да бидат отстранети и да му бидат дадени на сопственикот, вели адвокатот на Ева Каили, Михалис Димитракопулос за грчката телевизија „Скај”, јави дописничката на МИА од Атина.

Димитракопулос, заедно со двајца адвокати од Белгија се правните застапници на, сега веќе поранешната, потпретседателка на Европскиот парламент, а во интеревјуто за „Скај” објасни дека во изминатите два дена телефонски разговарал со Каили и ја повтори нејзината позиција дека не е виновна и нема никаква врска со парите.

Кога ги открила парите во нејзиниот стан, според адвокатот, побарала од нејзиниот партнер да му ги пренесе на лицето на кое му припаѓаат, а во процесот на пренесување бил вклучен и татко ѝ.

Адвокатот истакна дека не може да го открие ниту името на сопствениот, ниту точниот износ и додаде дека никој не знае дека парите потекнуваат од Катар.

– За сите прашања постојат одговори, но постои договор со другите двајца адвокати од Белгија да се задржи доверливоста на процесот – рече адвокатот.

Со оглед на тоа дека за денеска е закажано сослушувањето и одлуката на судот дали Каили ќе биде притворена или ослободена, Димитракопулос откри дека поради штрајк во Белгија, постои веројатност поранешната потпретседателка на ЕП да не може да стигне до судот, па нејзините адвокати да побараат одложување за следниот вторник.

Во однос на патувањата и средбите во Катар, Кувајт и Оман, адвокатот на Каили истакна дека посетите биле по одлука и наредба на претседателката на Европскиот pарламент, во рамките на централната политика на ЕУ со земјите од Заливот.

Share This Article