More

    Вака реагираше Исмаил Ханија кога му беа убиени синовите и внуците

    spot_img

    Во Иран утрово е убиен лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, а оваа палестинска група како главен одговорен за убиството го  гледа Израел. Израел допрва треба официјално да одговори или да ја прифати одговорноста за смртта на лидерот на Хамас, но висок владин претставник рече дека неговата смрт „го прави светот малку подобар“.

    Ханија, меѓудругото, остана запаметен и по неговата ладнокрван реакција в0 јавноста на веста дека неговите тројца синови и внуци се убиени во Појасот Газа.

    Претходно оваа година, тројца негови синови беа убиени во воздушен напад. Според израелската армија, двајца од синовите на Ханија биле воени оперативци на Хамас, а третиот командант на „ќелија“. Веста за смртта на неговите синови и внуците на Ханија му беше соопштена за време на неговиот престој во Катар додека тој ги посетуваше ранетите Палестинци во болница.

    Видеото покажува како соработникот добива повик, а потоа го става соговорникот на звучникот. Ханија со ладен израз на лицето го слуша соговорникот како соопштува дека неговите синови и нивните деца се мртви.

    „Убиени се Хазем, Мухзамед и Амир, заедно со децата“ – се слуша како зборува соговорникот на телефонот.

    Наместо солзи или каков било израз на тага, Ханија само кимна со главата, го погледна во подот и рече:

    -Господ да им ги прости душите, Господ да ги помилува.

    Вознемирен, соработникот на Ханија потоа прашува дали сака да ја прекинат посетата на болницата.

    Лидерот на Хамас тогаш повторно шокира со својот одговор.

    -Не, што? Одиме понатаму – вели Ханија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img