Вака Милановиќ го оцени укинувањето на имунитетот на хрватските министри

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска соопшти дека измените на законот со кој се предлага укинување на имунитетот на хрватските министри за коруптивни дела се „многу опасни“ и дека премиерот Андреј Пленковиќ „тоа го прави од очај, обидувајќи се да покаже дека е чесен“.

– Ова е слабост на Пленковиќ и тоа го прави од очај за да го оправда сето страшно што се случи за време на мандатот на владата. Едноставно се е проткаено со корупција и кражби што тој ги штити. На овој начин се обидува да каже: Јас сум чесен и не се плашам од ништо – изјави Милановиќ, пренесува Хина.

Предлогот за законски измени беше усвоен денеска на седницата на хрватската Влада, а со него се предвидува укинување на имунитетот на нејзините членови, доколку се работи за коруптивно дело што се гони по службена должност.

Во моментов, членовите на хрватската Влада имаат имунитет од кривична постапка за сите дела што се казнуваат со казна до пет години затвор, јави Хина.

Милановиќ овој владин потег го оцени како „ужасно опасен“, бидејќи според него „Државното обвинителство (ДОРХ) или кој било може да упадне во становите на министрите, да ги однесе и на тој начин да ја растера владата.

– Некој непознат со судскиот налог, што го добил пет минути претходно, може да го уапси премиерот и да му стави лисици – нагласи Милановиќ, додавајќи дека имунитетот служи за балансирање на моќта и одговорноста во земјата, пренесува Хина.

Share This Article