„Вајмарската тројка“ министри од Германија, Полска и Франија денеска при денешната ја продолжија убедувачката мисија со порака дека иднината на земјата е во ЕУ, а условот за влез е поддршка на уставните измени.
Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Германија и министерот за Европска Унија на Полска, Шимон Шинковски вел Сенк по средбата со политичките лидери потенцираа дека приоритет на Европската унија е продолжување на интеграцискиот процес, упатија неколку пораки со уверување дека по уставните измени нема да има нови барања од Бугарија.
– Имам три пораки за вас. Првата е дека Северна Македонија припаѓа на семејството на ЕУ. Втората е дека одлуката сега која што се наоѓа во рацете на Северна Македонија, а третата порака е како што посочи вицепремиерот дека сега треба да се направи чекорот на Северна Македонија поради импулсот на сила што го имаме за проширување на ЕУ. Можеби уште една работа што сакам да ја кажам од наша страна е дека оваа дискусија околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, автоматски Северна Македонија ќе се најде на патеката на пристапување потоа. Значи, нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја. Меѓутоа, има барања за ревизија на Уставот да се заврши тоа секако и повторно автоматски Северна Македонија ќе влезе во следната фаза на процесот на пристапување и исто така го спомнавте тоа вицепремиере во сферата на владеењето на правото, правдата и економската сигурност и реформите кои Северна Македонија треба сама да ги направи за себе, истакна Лоранс Бун.
Вицепремиерот Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција, изјави дека уставните измени ќе бидат покажување на дело вистинска грижа за интересите на државите и граѓаните и дека ова е шанса која ретко се добива и која треба да ја искористиме.
– За два дена одбележуваме годишнина од големиот исчекор во евроинтеграциите, одржувањето на првата Меѓувладина конференција, национален успех кон кој треба сите да имаме одговорен однос и грижа за задржување на стратешката позиција и интересите на Северна Македонија, рече Маричиќ.