More

    Узурпаторот на дворот на поликлиника „Бит Пазар“ има што да им раскажува на цимерите во Шутка

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Како што е наведено во соопштението на Јавното обвинителство, двајцата соизвршители, на возраст од 45 и 42 години, заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба со намера земјиштето да го употребат за изградба на паркинг.

    „Првообвинетиот ангажирал повеќе непознати лица да ја исечат металната ограда и да ја искршат бетонската конструкција за ограда од дворот на Јавната здравствена установа – Здравствен дом на Скопје – Поликлиника Бит Пазар. Притоа, биле уништени и околните грмушки и дрва. Второобвинетиот со багер почнал да го рамни теренот каде осум камиони транспортирале градежен материјал – тампон, кој го растовариле во дворот на поликлиниката. Со багерот, вториот обвинет продолжил да го растура и рамни тампонот низ паркот на болницата до доаѓањето на полицијата“, наведено е во соопштението.

    Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет, додека за второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.​​

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img