More

    Ужасно семејно насилство во Кисела Вода

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда по член 130 став 2 и Неизвршување на судска одлука по член 377 став 5 од Кривичниот законик

    „Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ во Кисела Вода, и најпрво со висок тон се обратил кон оштетената со која се во бракоразводна постапка. Пред нивната заедничка двегодишна ќерка грубо ја навредувал жената, а потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот. На оштетената и нанел видливи повреди и продолжил да ѝ се заканува, одземајќи и го телефонот. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во зградата отспротива додека случајна минувачка не повикала полиција“ – раскажува Обвинителството.

    На осомничениот со судска одлука од Основен граѓански суд – Скопје претходно му била изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство спрема неговата сопруга – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, забрана да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да ѝ се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место кое го посетува жртвата. Иако и претходно од надлежните институции му било укажано на ваквите забрани, тој не ги почитувал ѝ ги прекршувал овие забрани, за што оштетената во неколку наврати пријавувала во полиција, информира ОЈО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img