More

    Ужасна глетка пред израелскиот конзулат во Атланта

    spot_img

    Демонстрант со палестинско знаме се самозапали синоќа пред израелскиот конзулат во американскиот град Атланта, соопшти полицијата. Демонстрантот, кој не е идентификуван, е во критична состојба, а повреден е и еден полицаец кој се обидел да интервенира.

    Двајцата имаат изгореници и се пренесени во болница.

    – Се чини дека тоа е екстремен чин на политички протест – изјави Дарин Ширбаум од полицијата во Атланта, додавајќи дека на местото на инцидентот е пронајдено палестинско знаме.

    Демонстрантот пристигнал пред зградата во која се наоѓаат конзулатот и неколку фирми, се полил со бензин и се запалил.

    Жалење за инцидентот искажа генералниот конзул на Израел за југоисточниот дел на САД, Анат Султан-Дадон.

    – Трагично е да се види дека омразата кон Израел се изразени на толку страшен начин. Светоста на животот е нашата најголема вредност -р ече Султан – Дадон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img