Постар човек и неговиот син се најдени мртви во куќа во српскиот град Зајечар, јавуваат српските медиуми.
Случајот го пријавиле соседите, кои рекле дека се шири непријатен мирис од куќата, каде што на лице место дошла полицијата, и го затекнала ужасот. Случајот бил пријавен синоќа во 19:30 часот.
На лице место веднаш пристигнале форезничари, а телата се предадени на обукција, која ќе покаже како настанала смртта.