More

    Ужас ја потресе вечерва Хрватска откако во близина на Вараждин биле пронајдени закопани две бебиња, а нивните родители се приведени

    spot_img

    Ужас ја потресе вечерва Хрватска откако во близина на Вараждин биле пронајдени закопани две бебиња, а нивните родители се приведени.

    Голем број припадници на полицијата и други служби извршиле ископувања при што прво во двор било пронајдено телото на едно новороденче, а подоцна стигна информација дека е пронајдено и телото на второто бебе.

    Веста ја потврди и градоначалникот на таа општина.

    Неофицијално, соседите велат дека во изминатиот период се случувало нешто чудно и забележале дека третото дете што го добиле било неухрането.

    Полицијата од Вараждин се огласил со кратко соопштение.

    „Полициските службеници на полициската управа примија дојава за сомнение на сторено казнено дело на повреда на детски права на подрачјето на општина Љубешчица. Полициските службеници спроведуваат криминалистичко истражување над две лица“, се наведува во соопштението.

    Родителите на двете бебиња, кои беа пронајдени закопани во дворот на семејната куќа во Љубље Калнички, на подрачјето на општина Љубешчица, во притвор каде што беа однесени ја читале Библијата и кажувале молитви, а неофицијално, тие биле во секта.

    Според информации на локалните медиуми, третото дете е згрижено и е безбедно, а родителите се под полициски надзор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img