Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, увозните цени од одделот „кокс и рафинирани нафтени производи“ се пониски за 6,9 отсто на месечно ниво и повисоки за 85,8 отсто на годишно ниво.
Индексите на увозните цени од одделот „кокс и рафинирани нафтени производи“ се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба.
-Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот „кокс и рафинирани нафтени производи“ се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од овој оддел во калкулациите при склучувањето на градежните договори – информира ДЗС.