Лице за кое се верува дека е „хрватски шпион“ е уапсено во понеделник во раните утрински часови во белградско, јавија утринава српските медиуми. Хрватските служби се уште не ја потврдиле информацијата.
Акцијата за апсење, велат, ја извршила Безбедносно-информативната агенција (БИА) во соработка со државните органи.
Информацијата прво ја пренесе Новости, а се наведува дека апсењето е „резултат на неколкумесечна оперативна работа на БИА“ и „продолжување на сузбивањето на шпионажата и деструктивно-субверзивните активности на Хрватската безбедносно-разузнавачка агенција (SOA)“.
Хрватските служби се уште не ја потврдиле информацијата