Утрово во 33 скопски училишта и во едно во Прилеп повторно е прекината наставата откако на електронските адреси биле добиени пораки дека во објектите се поставени бомби

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Утрово во 33 скопски училишта и во едно во Прилеп повторно е прекината наставата откако на електронските адреси биле добиени пораки дека во објектите се поставени бомби.

Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо ја потврдија информацијата и споделија детали за новите дојави.

– Денеска до 10 часот е пријавено дека на електронските адреси на 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – ни одговорија од МВР.

Учениците и наставниците се евакуирани, а екипи на антитерористичките единици на МВР ќе извршат контрола врз објектите.

Ова е трет пат оваа недела за дојава за поставени експлозивни направи во училиштата, но исто така имаше и во повеќе институции, трговски центри, јавни установи, дури и резиденцијата на претседателот Пендаровски, кои по извршувањето на контролата беше констатирано дека сите се лажни.

Share This Article