Утрово повторно има колони со возила за излез од Македонија и за влез во Грција, иако од АМСМ информираат дека нема подолги чекања и задржувања.
Како што може да се забележи од камерите на граничниот премин „Богородица“, пуштени се две ленти со возила кои чекаат да влезат на грчка територија.
– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.