Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 8 часот и 22 минути ја погоди областа Петриња и неговата околина, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од Петриња. Тоа се случило на длабочина од 15 километри.
Хрватска и синоќа ја погоди земјотрес. Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на 14 километри југозападно од Сисак. Земјотресот бил на длабочина од девет километри.