Утрово избувнале 4 пожари кои се главно во скопските општини. Од новите пожари 2 се во Општина Ѓорче Петров и по еден во општините Петровец и Шуто Oризари, каде што се запалени отпадоци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни шумски пожари има во општините: Македонски Брод, Штип, Крушево, Чашка, Валандово и во Струмица.
На тертиторијата на државава вчера имало вкупно 33 пожари.
фото: МИА