Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал.

Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, информираат за МИА од Железничката станица во Велес.

Според возен ред од Железничката станица во Велес, овој воз требало да тргне во 6:27 часот.

Голем број од велешани кои наутро патуваат со овој воз на овој патен правец, а попладне во 16:55 часот се враќаат, се ученици, студенти, или вработени во Скопје па имаат месечен или билет со попуст.

Тие денеска беа револтирани што мораа да се изложуваат на дополнителни трошоци и бараат од ЈП МЖ -Транспорт што поскоро да го оспособи овој воз.

Инаку, утрово од Велес за Скопје тргна локалниот воз во 5:03 минути и возот од Битола кој според возен ред од станицата во Велес поаѓа во 5:46 часот.

Share This Article