Утрово е најстудено на Попова Шапка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка – 3 степени, Маврови Анови – 2, Крушево – 1,  Берово 0, Претор и Дебар 1, Охрид и Крива Паланка 2, Куманово, Тетово, Битола и Прилеп 3, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје-Петровец, Штип и  Виница 4, Струмица, Велес и Демир Капија 5 степени и Гевгелија 7 степени.

Најмногу снег наврна во Маврови Анови 61 сантиметар, на Попова Шапка 48, во Крушево 35, во Лазарополе 21, во Дебар пет сантиметри, во Претор четири и во Берово три сантиметри.

На Попова Шапка наврнало најмногу дожд 44 л/м2, во Кавадарци и Маврови Анови 34, во Демир Капија 30…

Преку ноќта имаше врнежи од дожд на североистокот и на југот од земјата, а утринава врнежите се престанати и само во Струмица има појава на слаб дожд. Преовладува претежно облачно време.

Времето утрово ќе биде облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се намалува.

Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Share This Article