Утрото ќе биде постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Прогнозата за денеска вели дека утрото ќе биде постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 1 во Берово до 10 во Гевгелија, а максималните дневни од 19 во Маврово и 28 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени, соопштија од УХМР.

В четврток наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи 2°C до 12°C, додека максималната од 19°C до 29°C.

Синоптичарите од УХМР за в петок велат дека наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Share This Article