More

    Утрото ќе биде постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност

    spot_img

    Прогнозата за денеска вели дека утрото ќе биде постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

    Минималните утрински температури ќе се движат од 1 во Берово до 10 во Гевгелија и во Охрид, а максималните дневни од 19 во Маврово и 28 Целзиусови степени во Гевгелија.

    Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени, соопштија од УХМР.

    И во среда ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за слаба магла или ниска облачност.

    Минималната температура ќе се движи 2°C до 11°C, додека максималната од 21°C до 28°C.

    Синоптичарите од УХМР за в четврток прогнозираат ќе има зголемена облачност, а во петок и сабота повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img