По наредбата од страна на претседателката и Врховен Командант на Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата, велат од Министерството за одбрана.
„Притоа, стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.
Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно“, се вели во соопштението на министерството и на Генералштабот на Армијата.