More

    Утревечер премиера на претставата „Веќе не е ни смешно“

    spot_img

    Премиерата на претставата „Веќе не е ни смешно“ во Театар Комедија ќе се одржи утре (11.04.2023), со почеток во 20 часот.

    „Веќе не е ни смешно“ е црна комедија за комедијата денес. Пиеса што ја прикажува приказната за еден комичар кој запаѓа во депресија зашто сите почнуваат да му го јадат лебот. Хуморот, неговиот занает, станува задолжителен, излитен и банален. Комичарот се наоѓа помеѓу чеканот и наковалната: од една страна свет во кој сите се смешни и имаат слобода да го истурат својот лош хумор секаде околу себе, од друга страна цензорското око на збудалената политичка коректност. Како дa продолжи да твори фрлен среде океанот на универзалната смешка и со врзани раце и нозе од cancel-културата.

    Aвтор на претставата е Сашо Кокаланов, а режисер е Срѓан Јаниќиевиќ. Играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Жаклина Петровска и Виктор Арсов.

    – Комедијата на Кокаланов е инспирирана од „Човек што плаче од смеење“ на Фредерик Бегбеде и „Човекот што се смее“ на Виктор Иго. Во неа ќе препознаете и алузии на филмот „Џокер“ на Тод Филипс, на тажниот живот на големите мајстори на хуморот, како Робин Вилијамс, но, за жал, и на „кловновите“ околу нас, кои безмилосно ја освоија сцената на смеата – се вели во соопштението на Театар Комедија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img