More

    Утре почнува најголемиот вински саем на Отворен Балкан

    spot_img

    Oд утре до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan” каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.

    Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.

    -Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата – велат од Министерството..

    Во рамки на настанот ќе се одржи и македонска вечер на којашто ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.

    -Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна. Квалитетното македонско вино и храна заслужуваат посебно место во регионот – велат од Министерството за земјоделство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img