More

    Утре е денот „Д“. Или ќе бидат разрешени директорите на М-НАВ, или Контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Скопје

    spot_img

    Утре е денот „Д“. Или ќе бидат разрешени директорите на М-НАВ, или Контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Скопје.

    Со ваква порака се соочува Владата пред седницата во вторник, на која треба да одлучува за настаните и насилствата во М-НАВ.

    Синдикатот на контролорите, предовден од претседателот Александар Тасевски, побара оставки од директорите коишто беа прозвани поради упадот и физичкиот напад што се случи во минатата недела.  Но, никој не поднесе оставка.

    Од оставките или од разрешувањето зависи натамошниот тек на настаните во Контролата на летање. Ако не бидат разрешени директорите, синдикатот порачува дека нема друга опција, освен да се затвори небото над Скопје од среда (10 јануари), пред сè заради безбедноста на патниците.

    Незадоволството трае веќе подолго време, а синдикатот во повеќе наврати алармираше дека се вработува партиски, наместо стручен кадар, поради што се бараше сериозна реформа во службата и подобрување на условите за работа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img