More

    Усвоен текстот за данокот за солидарност, за измените на ДДВ-то и за данокот на добивка

    spot_img

    Текстови на три предлог-закони усвои владата на денешната седница. Законите се однесуваат на намалување на даночните стапки за некои производи и се одложува нова примена на даночната стапка при продажба на недвижнини.

    Законот за солидарност како еднократна мерка

    Владата го утврди текстот на Предлог-законот за данокот на солидарност. Законот се однесува на оние обврзници кои оствариле приход поголем од 615.000 денари во минатата 2022 година. Според Владата, воведувањето на данокот за солидарност е од општ интерес за сите граѓани и се базира на начелата на правичност, еднаквост и пропорционалност.

    Предлог законот предвидува оваа мерка да биде вонредна и ендократна јавна давачка.

    Владата потсетува и дека Европската унија во октомври донела своја ваква регулатива за да ги ублажи последиците од економската криза.

    Намалување на административните товари

    Владата го утврди и текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, а поради усогласување со препораките на ЕУ.

    При тоа, се пропишуваат законски решенија коишто придонесуваат за намалување на административниот товар на даночните обврзници и на Управата за јавни приходи, проширување на даночната база, преку таргетирање на даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем на данокот на добивка, соопшти владината прес-служба.

    ДДВ-то се зголемува за некои, а се намалува за други производи

    Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за финансии, го утврди и текстот на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, соопшти владината прес-служба.

    Со предлог измените и дополнувањата на Законот, како што е образложено од ресорното министерство, се следат измените на Директивата на Европската Унија со којашто се уредува данокот на додадена вредност.

    Односно се врши намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со менструални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена кај одредена група на граѓани, се намалува даночната стапка за дигиталните учебници, се зголемува стапката на ДДВ од 5% на 10% на производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана, се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена даночна 5% на редовната стапка од 18%.

    Се одложува примената на данокот за продажба на недвижнини

    Во однос на прометот на станбени згради и станови, односно продажбата на недвижности, се прави уште едно транзиционо одложување на примената на општата даночна стапка, којашто е задолжителна за овој промет со пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија.

    Во законот се внесуваат и определени мерки, како што дозволува и самата Директива на Европската Унија, со цел да се поедностави постапката за наплата на ДДВ или да се спречат одредени форми на евентуално даночно затајување или избегнување, со цел поголема правна сигурност при наплата од страна на даночниот органи и кај самите даночни обврзници.

    Одобрена финансиска помош за 82 компании 

    Владата денеска одржа и тематска седница на којашто е одобрена првата група од 82 договора во 2023 година, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а има и други апликации, коишто се во процес на евалуација.

    Оваа година има поднесено рекорден број апликации од 432 компании за нови инвестициски проекти, според известувањето од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

    Како што соопшти владината прес-служба, 82-те компании, за коишто се одобрени договори лани имаат отворено 233 нови работни места, а до крајот на инвестициските циклуси ќе отворат 818 нови работни места. Исто така, овие компании минатата година инвестирале 30.8 милиони евра, а до крајот на инвестициските циклуси ќе инвестираат 67.5 милиони евра.

    Во 6-те години од донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како што е констатирано на седницата, финансиски се поддржани 630 домашни компании, а оваа бројка годинава се очекува да се заокружи на околу 1.000 домашни компании коишто добиле финансиска поддршка од државата. Компаниите што добиваат поддршка од државата се од сите плански региони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img