More

    Уставните измени остануваат проблем за идната власт, вели Пендаровски

    spot_img

    Нереален беше оптимизмот кај власта дека уставните измени се можни и покрај цврстото спротивставување од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, такашто тоа прашање ќе остане на агендата за по изборите на следната влада и на следниот парламент, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Слободен печат“.

    – Во однос на уставните измени, мислам дека изминатата година оптимизмот на некои министри не користеше, требаше повеќе да се држиме до реализмот. Од прифаќањето на Францускиот предлог немаше ниту изјава ниту најава од ниту еден пратеник од опозицијата дека ќе гласа за да се стигне до тие две третини. Го разбирам тоа да се држи оптимизмот сето време и да се зборува за едно исто прашање, но ако има некаков реален позитивен исчекор. Но, ви тврдам дека немаше, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се држеше цврсто во таа партиска дисциплина. Јасно е дека тоа прашање ќе остане на агендата за по изборите и дека следната влада и следниот парламент ќе треба да се занимаваат со тоа. Но, во ситуација кога шпекулираме дека сегашната опозиција би била власт после 8. мај, не знам како ќе го направат тоа, бидејќи сите изјави што ги даваа се неверојатно радикални – дека овој предлог не би го гласале, па дека ќе се обидат да препреговараат и слично. Може да го замајувате македонскиот граѓанин кој има други грижи, но не може да ги замајувате странските претставници кои прецизно кажаа. Да кажеш „ние имаме план што ќе ви го кажеме после избори“ е несериозно – рече Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img