Уставните измени ќе се преведат на албански па ќе го фатат патот кон парламентот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Предлог-иницијативата за уставни измени во Министерството за правда каде се проверува од номотехнички аспект, а потоа ќе биде дадена на превод на албански јазик, информираат за МИА од Министерството за правда.

Оттаму велат дека откако ќе биде подготвена таа ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои. Потоа, Предлог-иницијативата ќе биде доставена до Собранието.

Според информации на МИА, постапката за носење на уставните измени би требало да започне во средината на јуни.

Работната група на седницата во петокот ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарира Цаца Николовска.

Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ.

Премиерот Димитар Ковачевски во саботата го повика на средба лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски на која, меѓудругото би се разговарале за евроатлантскиот пат на земјата. Мицкоски се согласи на средба со тоа што исто така бара на неа да се разговара за тоа што ќе биде со земјата доколку не се усвојат уставните измени. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи на уставни измени под овие, како што наведуваат, услови.

Очекувањата се дека оваа средба би се случила од викендот натаму имајќи предвид дека Ковачевски денеска и утре е на службено патување во Братислава.

Како краен рок за уставни измени се посочува ноември, кога треба да заврши скринингот на Европската комисија и да се одржи втората меѓувладина конференција и да почнат преговорите по поглавја.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article