Уставниот суд утре ќе ја одржи осмата седница во 2022 година на која на дневен ред се четири иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 9 март (среда) во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи осмата седница во 2022 година на која на дневен ред се четири иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата.
Реферат У.бр.277/2020

Оспорен: Член 288, 381 ставови 3 и 4, 483, 484, 485, 486, 487, 488, 489 и 490 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018)

Подносител: Александра Илиева Милчова, адвокат од Скопје

Според подносителот на иницијативата оспорениот член 288 од Законот за кривичната постапка е во спротивност со член 8, член 15, член 98 ставовите 1 и 2 и член 106 од Уставот. Во однос на членот 381 ставовите 3 и 4 од ЗКП, подносителот на иницијативата смета дека не се во согласност со начелото на презумпција на невиност и уставното загарантирано право на жалба уредени во членовите 13 и 15 од Уставот на Република Северна Македонија. Подносителот наведува дека со оспорениот член законодавецот предвидел да не се навлегува во утврдување на фактичката состојба доколку обвинетиот признае вина и во ваков случај обвинетиот не може да се жали на одлуката, но може да се жали на висината на казната.

Реферат У.бр.136/2021

Оспорен: Член 102 став 1 точка д), точка ж) во делот: „кое има тешко хронично заболување” и точка з) од Законот за семејството („Службен весник на Република Македонија број 80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/2010, 156/2010, 39/2012, 44/2012, 38/2014, 115/2014, 104/2015, 150/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 53/2021).

Подносител: Василчо Илијев, адвокат од Кочани.

Oспорените одредби според подносителот биле спротивни со член 8 став 1 алинеи 1, 3, 8 и 11, членот 9, членот 40, членот 41, членот 51, членот 54 и членот 112 од Уставот на Република Северна Македонија. Дополнително подносителот во иницијативата наведува дека оваа катагорија на лица со физичка попреченост која сака да го оствари своето загарантирано право на родителство преку посвојување, се става во нееднаква положба и во однос на другите лица со физичка попреченост кои се одлучиле родителството да го остварат како биолошки родители на своите деца.

Реферат У.бр.138/2021

- Advertisement -
Ad image

Оспорени:

– Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССИ 03, Блок ССИ 03.07, Општина Бутел и Општина Карпош, Скопје, бр.09-6947/3 од 12.10.2021(„Службен гласник на Општина Карпош“ бр.19/2021);

– Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССЗ 02, Блок 06, Општина Карпош – Скопје, бр.09-6334/4 од 16.09.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.15/2021);

- Advertisement -
Ad image

– Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Блок 9, градска четврт ССИ 03, Општина Крапош и Општина Чаир, Скопје, бр.09-6334/5 од 16.09.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.15/2021);

– Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 06, Блок 3.06.09 Општина Карпош, Скопје, бр.09-5967/7 од 30.08.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.13/2021);

– Одлука за донесување на измена и дополнување на Детален урбанистички план за градска четврт ЦС 15-Криви Дол, Блок 1, Општина Карпош – Скопје, бр.09-5017/6 од 15.07.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.10/2021);

– Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССИ 3, Блок 02, Општина Карпош и Општина Бутел, Скопје, бр.09-2334/7 од 09.04.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.7/2021)

– Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 304, Блок 04.02, Општина Карпош – Скопје, бр.09-6997/8 од 12.11.2020 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.20/2020), сите донесени од Советот на Општина Карпош.

Подносител: Невена Георгиевска и Татјана Чакулев од Скопје

 

Реферат У.бр.88/2021

Oспорени:

Буџет на Општина Демир Хисар за 2021 година, донесен од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12.03.2021 година, објавен во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021;

-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година, донесена од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12.03.2021, објавена во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021

– Завршна сметка на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2020 година, донесена од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12.03.2021, објавена во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021.

Подносител: Љупчо Ангелески од Демир Хисар.

 

У.бр.142/2021- Барање за заштита на слободи и права по предметот

Подносител: Драган Смилески од Скопје.

Од наводите во барањето:

Според подносителот на Барањето, министерството за одбрана донело Решениe за престанок на работен однос поради исполнување на услови за старосна пензија, со што работодавецот сторил суштествена повреда на индивидуланиот правен акт, непочитувајки го правното дејство на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, како и измените и дополнувањата на Законот и со тоа потешко ги повредил неговите права и слободи по основ на слобода на уверувањето и социјална припадност, како и правото на заштита на сопственоста и заработувачката, нарушувајки го личниот интегритет, морал, етика, професионалност, доведувајки го во состојба на инфериорност во однос на останатиот персонал од негов ранг во Армијата по основ на износот на пензијата, нанесената финансиска штета и друго.

Share This Article