More

    Уставниот суд треба да е департизиран, посочува ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Кандидатурата на професорката од Правниот факултет Ана Павловска-Данева за нов член на Уставниот суд е дискутабилна поради нејзиниот претходен партиски ангажман, посочија пратеници од ВМРО-ДПМНЕ членови на Комисијата за избори и именувања во Собранието, кои денеска расправаа за изборот на уставни судии.

    – Кога се бираат судии секогаш се внимава на две нешта кои не се исполнети во случајов. Првиот е да има департизација, тоа значи тој што е судија да нема политичка активност или политичка определба. Предлогот е истакнат правник, но дури и некој да е професор со искуство од областа кога ќе дојде на местото кандидат за уставен судија веќе имаме проблем со репутацијата – рече Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ имаше забелешка со брзањето со изборот на член на Уставниот суд.

    – Можеби немаме забелешка за професионалноста и квалитетот на професорката Павловска-Данева, но имаме забелешка за брзањето со изборот, зашто не е во ред вчера да се даде предлогот, а денеска да се бара да помине во комисијата. Сепак, се бира уставен судија. Второ, имаме забелешка за партизацијата на Уставниот суд, Павловска-Данева пред десетина години беше потпретседател на СДСМ – рече пратеничката Панова.

    Пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ побара од Павловска-Данева да даде изјава заверена на нотар дека нема ништо повеќе со СДСМ.

    Тој и другите пратеници упатија забелешка дека Владата не дала никакви објаснување зошто ја повлекла кандидатурата на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Јовески.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img