Уставниот суд не ги прифати иницијативите за поништување на последните законски измени

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уставниот суд на првата седница за 2024 година, која се одржа денеска, одлучи да не поведе постапка во врска со предметот во кој се оспорени законските измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување и утврди повреда на слободата на изразување на мислата и јавното изразување на мислата во врска со барањето за слободи и права од страна на новинарката Душица Мрѓа, за настаните од 27 април 2017 година.

Како што истакна портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, постапката за законските измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување не е поведена од причина што Судот смета дека двата закона се во соглсност со Уставот, што значи дека не се прифатени наводите на 15 подносители на иницијативи кои за овој предмет беа поднесени до Уставниот суд.

– Според Судот неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите со тоа што законодавецот, односно Собранието, предвидело да се ограничи висината на казнената камата кога ќе го достигне износот на главнината. Судот смета дека оспорениот Член 4 од Законот за облигациони односи нема повратно дејство, односно не станува збор за ретроактивност бидејќи се однесува на постапки кои се уште траат, односно не се завршени, а не и на оние постапки кои пред влегување во сила на овој закон завршиле. Меѓу другото, Судот оцени дека не е повреден принципот на поделбата на Власта како што се тврди во иницијативите, истакна Беловска, на прес-конференција по денешнаат седница.

Таа појасни дека според Уставниот суд неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека должникот е доведен во попривилегирана положба во однос на доверителот, бидејќи токму Членот 1 не дефинира за кого се однесува, туку напротив, јасно и прецизно укажува дека се однесува на сите субјекти на пазарот подеднакво.

– Овој предмет е работен темелно со анализирана уставна судска пракса и за него беше обезбедено мислење преку форумот на Венецијанската комисија, што значи прибрани се мислења и искуства на повеќе земји од светот и соседството, како што се Словенија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина, Полска, Шведска, Данска, нагласи портпаролката на Уставниот суд.

Во врска со предметот за новинарката Душица Мрѓа, Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на мислата и јавното изразување на мислата согласно Членот 110 Алинеја 3 од Уставот.

– Судот утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во Собранието за време на настаните од 27 април 2017 година. Уставниот суд оцени дека таа во Собранието била присутна како новинар и требало да информира за изборот на претседател, но била оневозможена во тоа и државата, според Судот, е должна да обезбеди услови на новинарите слободно да известуваат – истакна Беловска.

Појасни дека според Уставниот суд слободата на медиумите како составен дел од слободата на изразувањето ја опфаќа слободата на јавното информирање, на примање, прибирање и пренесување на информации што претставува еден од основите на демократското општество, бидејќи слободната комуникација на информации и идеи за политичките и други општествени прашања од јавен интерес се од суштинско значење за секое општество. Ова имплицира, како што рече, дека слободата на медиумите да добиваат информации врз основа на коишто тие ќе можат да ја остварат својата улога, да коментираат и известуваат за сите значајни прашања од јавен интерес без ограничувања и со цел информирање на јавноста.

Подносителка на барањето, Душица Мрѓа, како што се наведува меѓу другото во соопштението од Уставениот суд, смета дека двата суда и го повредиле правото на слобода на изразување пропуштајќи ја можноста во пресудите да утврдат дека како новинарка на 27 април 2017 година државата прво не ја гарантирала нејзината безбедност при извршување на работните задачи во Собранието на Република Северна Македонија и била оневозможена да известува слободно за настаните кои се одвивале таму.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article