More

    Уставниот суд ќе проценува дали се крши тајноста на писмата

    spot_img

    Телекомуникациските оператори чуваат многу податоци за електронските комуникации на сите претплатници и имаат обврска да им ги дадат на истражните органи на нивно барање, а без судски налог. Ова е пропишано во Законот за електронските комуникации, а Уставниот суд денеска ќе оценува дали одредбите што го овозможуваат тоа се спротивни на член 17 од Уставот, кој ја гарантира тајноста на писмата и останатите комуникации кои можат да се откријат исклучиво со судска наредба и тоа само во случаите на кривична истрага и за заштита на безбедноста на државата.

    Иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на дел од Законот за електронските комуникации датира од 2017 година, а пред Уставниот суд ја поднеле повеќе организации меѓу кои и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

    Уставниот суд пренесува дека иницијаторите ги оспоруваат членовите 175, 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации.

    „Се наведува дека член 178 од Законот за електронските комуникации пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа. Член 176 став 3 пропишува дека операторите се должни задржаните податоци за електронските комуникации на претплатниците по барање да им ги достават на надлежните органи по услови и постапка утврдени со закон, при што и оваа одредба не предвидува постоење на судска одлука. Поради тоа овие членови не се во  согласност со член 17 од Уставот“, се вели во иницијативата, пренесува Уставниот суд. Подносителите на иницијативата, се додава, сметаат дека оспорените одредби не содржат доволно гаранции против евентуална злоупотреба од страна на овластениот орган со дадената техничка можност за континуирано и самостојно следење на електронските комуникации на граѓаните, како и при прибирањето на потребните податоци во врска со остварена комуникација.

    „Во отсуство на јасни законски одредби во врска со следењето на комуникациите, постои ризик за создавање неограничена моќ, во спротивност со принципот на владеењето на правото и човековите права на приватност и заштита на личните податоци“, се наведува во иницијативата.

    Според член 17 од македонскиот Устав, се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење. Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

    Според оспорените одредби од Законот за електронски комуникации телекомуникациските оператори се обврзани 12 месеци да чуваат повеќе видови на податоци од сите корисници и тоа податоци што се потребни за следење и идентификување на изворот и дестинацијата на комуникацијата, како и датумот, часот и на времетраењето на комуникацијата. Се чуваат и податоци што се потребни за идентификување на типот на комуникацијата, комуникацискатата опрема на корисникот и локацијата на мобилната комуникациска опрема.

    За да ги остварат овие законски зададени задачи, операторите ги чуваат податоците од телефонските услуги, како повикувачкиот телефонски број и името и адресата на претплатникот, времето на повиците, податоците при обезбедување на пристап до интернет и електронска пошта, како што се корисничкиот код за идентификација, името и адресата на претплатникот кому му била доделена адреса за интернет-протокол (ИП) итн.

    Во законот е предвидено и дека операторите не смеат да ги задржуваат податоците што ја откриваат содржината на комуникацијата. Исто така, според овој закон операторите се должни да ги задржуваат податоците за моменталната географска, физичка или логичка локација на терминалната опрема на своите претплатници, независно од нивната комуникациска активност, а овие податоци се задржуваат за последните 72 часа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img