Уставниот суд ќе ги оценува измените на Кривичниот законик

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уставниот суд утре ќе ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на измените на Кривичниот законик од септември 2023 година, со кои бројни функционери се спасија од кривично гонење.

Во Судот се пристигнати две иницијативи во врска со контоверзните законски измени – една од Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и уште една од Крсте Велевски.

Според Трајанов, Уставниот суд досега требаше да ја разгледа иницијативата и да донесе одлука, а постапката сега е задоцнета. Тој смета дека Судот досега требаше да стави времена мерка по службена должност, наместо да дозволат 800 функционери и административци да се спасат и покрај сторените незаконски постапки.

– Голем број на условно кажано криминалци се ослободени, нема да одговараат, нема да се конфискува нивниот имот, иако некои од нив се стекнаа со огромни материјални богатства. Нека расправа Уставниот суд, нека донесе одлука, не за поништување, туку за укинување на измените, да не важат за во иднина, но, не верувам дека до таква одлука ќе дојде – изјави Трајанов.

Со измените на КЗ беа намаени затворските казни за злоупотреба на службена положба при јавни набавки и за злосторничко здружување.

Во иницијативата до Уставниот суд Трајанов наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот.

„Во иницијативата е наведено дека со овие измени една категорија граѓани се привилигирани, наспроти правосилно осудените лица кои добиваат дискриминаторски третман и за нив не важи намалувањето на казните“, соопшти Уставниот суд.

Во иницијативата на Велески се наведува дека оспорените одредби се во спротивност со членот 9 од Уставот, бидејќи граѓаните кои не се носители на јавни функции ги става во нерамноправна положба, бидејќи не се поблаго санкционирани.

Share This Article