Уставниот суд денеска ќе расправа за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците во однос на Указот за негово прогласување

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уставниот суд денеска ќе расправа за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците во однос на Указот за негово прогласување, на Законот во целина, како и одделно сите 25 членови на законот.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, оформен е во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија според кои Законот за јазици не е прецизен во однос на тоа кои одредби важат само за албанскиот јазик, а кои и за другите јазици на заедниците.

Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, како и Васко Лазескии, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски.

По однос на иницијативите, Уставниот суд може да ги отфрли, да одлучи да поведе постапка за законот во целост или само за делови од него, да ја запре времено неговата примена додека да донесе конечна одлука, или да го прати на доработка во Парламентот.

На седницата, беше најавено дека нема да учествуваат членовите од албанска националност, Осман Кадриу и Насер Ајдари. Тие со бојкот на седницата имаат намера да го блокираат почетокот на постапката за Законот за јазиците, бидејќи однапред, според официјалното соопштение, Уставниот суд во текот на 2022 и 2023 година одобрил заклучок дека за секоја постапка поврзана со Законот за јазиците, Договорот од Преспа и Законот за електронски комуникации мора да се воспостават со едногласно учество на сите членови на судот.

Во меѓувреме, се очекува судијата од турската заедница Фатмир Скендер да не ја бојкотира седницата.

Опозициската ДУИ во пресрет на расправата започна со „стража за јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд, со што велат, застануваат во „одбрана на Законот за јазици“.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова им порача на партиските лидери да се воздржуваат од коментари воочи одлуката на Уставниот суд по однос Законот за јазиците, а премиерот Христијан Мицкоски со порака до граѓаните да не потпаѓаат на провокации од ДУИ кои, вели, се однесуваат како политички глодари.

Share This Article