More

    Успешно заврши спасителната акција во Дојранското Езеро каде што беше спасен пливач, но за жал, планинарката која се беше загубила на Шар Планина, утрово пронајдена е мртва

    spot_img

    Успешно заврши спасителната акција во Дојранското Езеро каде што беше спасен пливач, но за жал, планинарката која се беше загубила на Шар Планина, утрово пронајдена е мртва.

    Ова го соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) кој ингформираше дека во минатото деноноќие имали 1.723 повици на бројот 112.

    „На 112 во ЦУК околу 16.30 часот е барано помош за лице коешто пливало во езерото заради лошото време со ветер, бранови и езерски струи кај месноста ‘Калдрма’ во Дојранско Езеро. Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран. Конкретно од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во влизина на грчката граница. Истото од таму е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност. Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на езерото беа излезени на теренот при силен ветер и бранови и вршеа пребарување на Дојранското Езерото на местото каде што било забележано лицето. ДЗС немаше чамец на Дојранско Езеро. Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени. Во потрагата беа вклучени ренџери од НП ‘Шар Планина’ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП ‘Шар Планина’ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста ‘Ружен Камен’, но без знаци на живот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img