Машката ракометна репрезентација на Македонија ја победи Црна Гора со 54-51, во првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за ЕП 2024 во Германија. Контролниот натпревар во Стара Пазова се играше во необичен формат со три полувремиња од по 30 минути, наместо стандардните две (22-17, 39-37). 15-14).
– Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките. Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар – изјави селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.
По седумдневните подготовки во Стара Пазова, репрезентативците ќе имаат неколку дена одмор за Нова Година, а од 2 јануари продолжуваат со тренинзи во Скопје.
ЕП 2024 во Германија ќе се одржи од 10 до 28 јануари. Македонската репрезентација во прелиминарната фаза во групата А за противници ги има Франција, Германија и Швајцарија. Првиот натпревар на 10 јануари против Франција, ќе се игра на стадионот во Дизелдорф, а другите две средби се во Мерцедес Бенц Арена во Берлин.