Полицијата во потрагата со хеликоптер денеска во реонот на село Требовлје ја пронајде жива жителката на село Косово, Македонски Брод, за која нејзиниот брат пријави дека се оддалечила од домот на 1 јануари.
„Полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици при МВР во координација со СВР Битола во реонот на село Требовлје денеска пронајдоа и безбедно ја пренесоа В.Н. (55) од село Косово, Македонски Брод, за која од страна на нејзиниот брат Б.Н.(50) на 01.01.2024 во ОВР Македонски Брод беше пријавено дека се оддалечила од домот“ – информираат од МВР.
Оттаму дополнуваат дека В.Н. е предадена на медицинскиот персонал во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
фото: МИА