„Успеала да ги поништи лошите операции или…?“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Славната италијанска модна дизајнерка Донатела Версаче објави неколку фотографии од премиерата на мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“, по што предизвика многу дебати на социјалните мрежи. Имено, таа објави фотографија на која нејзиното лице изгледа мазно и блескаво, а многумина коментираа дека конечно нашла добар пластичен хирург и „успела да ги поништи лошите естетски зафати“.

Меѓутоа, набрзо се појавија и други фотографии од премиерата, па нејзините следбеници сфатија дека онаа што ја објави на Инстаграм најверојатно ја средувала во фотошоп.

„Која е сега вистинската Донатела?“, „Едвај можев да сфатам која е таа на фотографиите“, „Ако ова е дело на пластичен хирург, тој е Бог“, беа само дел од коментарите на луѓето.

 

Потсетуваме, Донатела низ годините правеше бројни естетски зафати кои ѝ го изобличија лицето и ја направија речиси непрепознатлива. Донатела започнала со операции во 90-тите години, а по смртта на својот брат, познатиот дизајнер Џани Версаче, во 1997 година, нејзиниот изглед почнал да се менува и признала дека редовно користи ботокс.

 

- Advertisement -
Ad image

„Не верувам дека жената треба да биде сосема природна“, рече таа во една прилика.

Нејзиниот изглед со текот на годините драстично се менуваше, а поради естетските корекции таа редовно завршува на самиот врв на листата на ѕвезди кои претерале со естетските зафати.

Донатела беше во брак со моделот Пол Бек од 1983 до 2000 година, а во 2004 година се омажи за Мануел Далори и се разведе една година подоцна. Таа има две деца, ќерката Алегра (38) и синот Даниел (34).

- Advertisement -
Ad image
Share This Article