Услугите во единствената функционална болница во Беит Ханун во Газа се прекинати поради континуираните израелски воздушни напади, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство во Газа.
Големата штета предизвикана од континуираните израелски воздушни напади ја блокираше можноста на медицинските тимови да влезат или да излезат од зградата, соопшти Министерството за здравство.
Министерството тврди дека девет амбулантни возила биле мета од саботата.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле воздушни напади врз 130 цели на Хамас во Газа во изминатите три часа
„Во текот на последните 24 часа, авионите на воздухопловните сили извршуваа опсежни напади долж должината и широчината на Појасот Газа, предизвикувајќи пустош врз терористите на Хамас“, се вели во соопштението на ИДФ.
На социјалните медиуми се појавуваат видеа на кои се гледа како по ракетните напади зградите паѓаат какo кула од карти, а од птичја перспектива се гледа дека појасот Газа полека се брише од лицето на земјата.